Некатегоризирани

Ковачевски: Граѓаните на Македонија може да се спокојни, ние направивме се, а сега ЕУ е на потег

Граѓаните на Македонија може да се спокојни, ние секогаш во прв план ги имаме стратешките интереси на државата. Ние направивме се, а сега ЕУ е на потег. Сите 27 земји кои што и се приклучија на унијата, сите се приклучија гордо, со сите различности и со целосна почит за своите и за туѓите културни, лингвистички и историски различности, изјави премиерот Ковачевски по самитот во ЕУ.

„Ништо од овиа не било проблематизирано на европскиот пат. Тоа е она што и ние го посакуваме, почит за лингвистичкиот, етничкиот културниот и историскиот идентитет на мојот народ. И да се приклучиме кон унијата гордо заедно со сите народи и членови на ЕУ, исполнувајќи ги сите критериуми за членство“, додаде Ковачевски.

На почеток