Некатегоризирани

Нехамер: „Босна може да стане кандидат оваа година“

Босна и Херцеговина оваа година и официјално би можела да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, истакна австрискиот канцелар Карл Нехамер.

По Европскиот совет, Нехамер рече дека има промена на парадигмата. Според него, БиХ успеала повторно да се најде во фокусот, иако Украина и војната таму се доминантна тема.

Тој потсети дека БиХ мора да спроведе 14 реформски точки, бидејќи досега направила премалку.

Доколку БиХ сега ја спроведе реформата на изборниот закон и Уставот, тогаш земјата има јасна можност да добие статус на кандидат, а штом ги исполни сите 14 претходно поднесени барања, тогаш можно е да ги започне пристапните преговори, убеден е Нехамер.

Тој пренесе дека од Самитот е испратена порака до Европската комисија да се забрза процесот за кандидатите.

„Тоа ќе донесе резултати оваа година“, рече тој.

На почеток