Скопје

Во Центар пронајден малолетник, штитеник на центар за згрижување на деца со социјални проблеми

На 23.06.2022 во 02.50 часот на крстосницата од ул.„Орце Николов“ со ул.„Коле Неделковски“ на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле М.А.(15) од Струмица – штитеник на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми во н.Хром за кој на 15.06.2022 во Полициската станица Ѓорче Петров беше пријавено дека се оддалечил од установата.

На почеток