Актуелно

Новите фабрики на Маск губат милијарди долари: „Фокусирани сме да избегнеме банкрот“

Новите фабрики на Тесла во Германија и Тексас губат „милиони долари“.

Тоа го изјави извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили, Илон Маск, нагласувајќи ги високите трошоци, скромното производство и проблемите во синџирот на снабдување.

Гигафабриката на Тесла во Гринхајд во близина на Берлин е нејзината прва фабрика во Европа, а фабриката во Остин беше отворена во април оваа година.

„Овие погони во моментов трошат многу пари“, изјави Маск во интервју за клубот на љубители на автомобили „Тесла“ во Силиконската долина, посочувајќи на високите трошоци, скромното производство и проблемите во синџирите на снабдување на автомобилската индустрија, пишува „Пословни дневник“.

„Во моментов сум фокусиран на одржување на бизнисот за на работниците да им се исплаќаат платите и компанијата да не банкротира“, рече Маск.

Високите трошоци за почеток на производство во нови фабрики се вообичаена појава, но Tesla има проблеми и во фабриката во Шангај, поради локдаунот кој, според Маск, предизвикал огромни тешкотии во производството.

Шефот на Tesla неодамна најави укинување на работните места, предупредувајќи во неколку наврати дека очекува пад на активноста во светската економија.

Тесла ќе укине од три до 3,5 отсто од работните места во наредните месеци, потврди Маск во понеделникот, додавајќи дека ќе укине десетина работни места во секторите за дизајн и развој.

На почеток