Свет

„Напорите на Турција и на Гутереш одамна ќе дадоа резултати да не беше деструктивната позиција на Киев“, тврди Лавров

„Напорите на Турција и на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за решавање на проблемот со житото во Украина, одамна ќе дадоа резултати да не беше деструктивната позиција на Киев.

Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција по разговорот со неговиот ирански колега Хосеин Амир Абдолахиан, пренесува Тас.

„Напорите што сега ги прават и Турција и генералниот секретар на ОН долго време, ќе беа успешни доколку Украина и нејзините западни господари го решеа проблемот со чистењето на црноморските пристаништа од мините“, рече тој.

Лавров додаде дека Русија и Иран „ја осудуваат како неприфатлива практиката на воведување нелегитимни еднострани санкции, кои се спротивни на Повелбата на ОН“, рече Лавров, повикувајќи ги „сите независни членки на меѓународната заедница“ да се борат против таквите практики, пренесе Тас.

На почеток