Фрлена експлозивна направа во Косовска Митровица
Од
Објавено на
Експлозивната направа била фрлена синоќа околу 22.45 часот на електродистрибутивен објект во северниот дел на Косовска Митровица, потврди косовската полиција.
Регионалниот директор на косовската полиција Бесим Хоти изјавил дека нема повредени, а причинета е материјална штета, пренесе приштински Коха.
Хоти рече дека првично се сомневало дека има пожар од висок напон, но истрагата утврдила дека станува збор за напад бидејќи, како што наведе, биле оштетени автомобилите во околината, пишува Коха.