Потврден првиот случај на мајмунски сипаници во Хрватска
Од
Објавено на
Во Хрватска е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, дознава ХРТ од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.
Сомнежот за болеста беше потврден во текот на вечерта со ПЦР.
Станува збор за човек кој бил во Италија и Шпанија.
Тој има полесна форма на болеста и не е хоспитализиран, туку во домашна изолација.