ССМ денес пред Министерството за финансии
Од
Објавено на
Сојузот на синдикати на Македонија го реализира најавениот генерален штрајк во јавниот сектор барајќи линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор. Денеска, како што најавија од ССМ, во рамки на штрајкот ќе организираат протест пред Министерството за финансии.
Вчера ССМ организираше протестен собир пред зградата на Владата, во рамки на активностите од генералниот штрајк.
Синдикалците завчера за време на штрајкот поставија 120 празни столчиња пред Парламентот сакајќи да ги потсетат пратениците да го прифатат амандманот со кој се бара во ребалансот на Буџетот да бидат одвоени средства за линеарното зголемување на платите.