Свет

Бугарското МНР незадоволно од односот на Рама

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската Унија (ЕУ) кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи во кое се реагира на вокабуларот што го користел албанскиот премиер, Еди Рама за време на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

„Не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри и навредливи квалификации од шеф на влада. Така низок јазичен регистар повеќе не можат да се оправда со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги прилагоди своите изразни средства на јазик што е соодветен за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ“, се вели во ставот на МНР.

Бугарското МНР притоа инсистрира на одржување на добар тон на комуникација.

„На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Недозволиво е односите меѓу државите да станат заложник на ексцентричноста на актуелниот албански премиер“, соопшти МНР.

На почеток