Крадел гориво од работна машина на автопатот Кичево-Охрид
Од
Објавено на
На 24.06.2022 година во 00.30 часот во СВР Охрид приведен е Н.С.(59) од селото Требеништа, општина Дебарца. Тој, претходно е затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид и пронајдени му се две пластични туби со околу 50 литри гориво. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.