Магазин

Кој е најследениот тиктокер

Каби Ламе е официјално најследен на ТикТок откако од врвот ја симна тинејџерката Чарли Д’Амелио.

Сенегалскиот комичар со месеци водеше битка за следбеници со Д’Амелио пред да ги надмине нејзините 142,1 милиони следачи.

Каби сега има над 143 милиони луѓе кои го следат, а неговиот налог е активен од март 2021 година.

Каби (22) до март 2020 година беше работник во италијанска фабрика во еден индустриски град. За време на корона пандемијата ја изгубил работата и без никакви приходи се вратил во родителскиот дом. Неговото семејство се доселило во Италија од Сенегал, а животот не им бил лесен. Таткото го наговарал да почне да бара друга работа, но Каби одлучил да проба нешто поинакво. Почнал да креира содржини за ТикТок.

Неговите снимки често се базираат на непотребни таканаречени „животни трикови“, а преку кои тој укажува на нивниот апсурд.

Младиот тиктокер покажува како истите трикови може да се изведат на многу поедноставен начин, а без да изговори збор.

За Си-Ен-Ен рекол дека неговие тивки реакции треба да покажат неверување. Снимките редовно ја покажуваат неговата огорченост поради претерано комплицираните аспекти од животот.

-Дојдов на ваква идеја бидејќи ги гледав сите тие видеа со трикови. Ми се допадна идејата во тоа да се додаде малку едноставност. Идејата дојде случајно, но тишината не. Смислував начин да успеам да допрам до што поголем број луѓе. А најдобриот начин за тоа, е воопшто да не зборувам. Можеби затоа моите изрази на лицето се смешни, оваа едноставност успева да ги насмеа луѓето и тоа ми се допаѓа, вели Каби.

На почеток