„Макрон згрешил“, Османи ја правдаше употребата на „северномакедонци“


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“. На ова имаше реакции од јавноста која е децидна дека таква нација не постои. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека искомуницирале со Амбасадата на Франција во Македонија.
„Комунициравме со француската амбасада. И вчера бевме цел ден со неговата делегација. Нема никакви дилеми дека тоа е ненамерна погрешна формулација. Претседателот Макрон нема дилема по однос на идентитетот и прашањата кои овде се дефинирани но и во Обединетите нации и ЕУ.
Претходно, Макрон рече: „Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, и додаде дека со „северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.
