Актуелно

Маричиќ е лут по протестите против францускиот предлог: Имаше атмосфера за која немаше основа

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не гледа одговорност кај него и Владата бидејќи нема почеток на преговорите со Европската Унија, но гледа одговорност бидејќи имало лоша атмосфера по објавата на францускиот предлог. Тој за протестите и јасното „не“ од јавноста за францускиот предлог вели дека се создала атмосфера за која немало основа.

„Простор за одговорност не гледам. Поголема одговорност има кај личности со пренесување на вести до политички партии и медиуми, кои не беа проверени, со цел да се конструира таква атмосфера. Ние процесот го водевме мудро. Нам ни е важно дека со комуникацијата на одредени структури со медиумите, се покрена една атмосфера за која немаше основа“, кажа Маричиќ.

Бујар Османи, министер за надворешни работи, тактизираше со одговорот. Не кажа јасно дали неотпочнувањето на преговороти со ЕУ

„Прашањето на успех е релативно, што значи успех. Дали заштита на државните позиции е успех или нешто друго. Ние ова прашање не го квалификуваме како успех или неуспех, туку без алтернативна борба за пристап кон ЕУ. Нема да правиме компромис по ниту едно ниту друго прашање. Ќе станеме членка еден ден во ЕУ со заштитени национални интереси“, кажа Османи.

На почеток