Свет

Макрон побара премиерката Борн да предложи нова „акциона влада“

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од актуелната премиерка Елизабет Борн да предложи нова „акциона влада“ која ќе биде именувана на почетокот на јули.

Во интервју за агенцијата АФП, Макрон повтори дека долгорочно има доверба во Елизабет Борн и потврди дека ја одбил нејзината оставка по очигледниот изборен пораз минатата недела и губењето на апсолутното мнозинство во парламентот, пренесува Ројтерс.

Под притисок да се согласи на политички компромиси, Макрон се обиде да допре и до своите политички противници, барајќи од нив да презентираат идеи за усвојување на нови закони во длабоко поделениот парламент на Франција.

На почеток