Свет

(ФОТО) Девојче извлечено од урнатините во Киев

Неколку експлозии се случија рано утринава во квартот Шевченковски во главниот град на Украина, Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Ракета погодила стамбена зграда, а две лица се хоспитализирани.

На социјалните мрежи беше објавена фотографија од девојче кое било извлечено од урнатините.

„Девојче е спасено од урнатините во Киев по рускиот ракетен напад. Очигледно, таа претставуваше огромна опасност за Русија. На Украина и треба повеќе оружје“, стои во објавата.

Претходно градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека спасувачки екипи се на терен.

„На местото на настанот се испратени екипи на брза помош и спасувачи. Слушаме дека луѓето се под урнатините, тие се живи. Спасувачите сега се обидуваат да ги спасат. Подетални информации – подоцна“, рече Кличко.

На почеток