Свет

Пет тинејџерки загинаа во пожар во „Ескејп рум“

Пет тинејџерки загинаа, а едно момче е повредено во пожар кој изби во т.н. „Ескејп рум“ на северот на Полска.

Девојчињата имаа 15 години, соопшти министерот за внатрешни работи Јоахим Брудинјски.

Во играта „Ескејп рук“ учесниците се затворени во една просторија, а за да излезат од неа мораат да решат неколку загатки.

Портпаролката на полицијата изјавила дека телата на девојчињата ги пронашле откако пожарникарите го изгасиле пожарот кој избил околу 17 часот по локално време.

Момчето е пренесено во болница со изгореници. Според полицијата едно од девојчињата најверојатно славело роденден.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток