Свет

Трамп: Можам да прогласам вонредна ситуација за да го изградам ѕидот на границата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е спремен блокадата на американската влада која почна на 22 декември да трае неколку години. По состанокот со највисоките функционери на Демократската партија, Трамп изјави дека би можел да прогласи вонредна ситуација со што би го заобиколил мислењето на Конгресот и би изградил ѕид на границата со Мексико.

Исто така тој додаде дека нема да потпише никаков предлог закон додека не се одобрат средствата за финансирање на ѕидот на границата помеѓу САД и Мексико, на што демократите се противат, пренесува Би-Би-Си.

Трамп најпрво позитивно го оцени состанокот во Белата куќа и го опиша како „многу продуктивен“. Но на одговор на прашање на новинарите тој призна дека се заканил дека ќе ја блокира работата на федералните агенции доколку тоа биде потребно.

На прашањето дали размислувал да ги употреби претседателските овластувања за вонредни ситуации со цел да го заобиколи Конгресот, тој одговорил позитивно.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток