Свет

САД неделава најавува купување оружје за Украина

Соединетите држави најверојатно ќе објават купување на напреден одбранбен систем земја-воздух со среден до долг дострел за Украина оваа недела, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.

Како што наведе тој, се очекува Вашингтон да објави и друга безбедносна помош за Украина, вклучително и дополнителна артилериска муниција и радари против батерии за да се задоволат потребите на украинската армија.

Ова оружје е најновата помош што САД и ја понудија на Украина, од почетокот на конфликтот во таа земја, наведува британската агенција.

Овој месец, претседателот Џозеф Бајден се согласи да обезбеди воена помош од 700 милиони долари за Украина, вклучително и напредни ракетни системи кои можат прецизно да погодат цели со долг дострел.

На почеток