Свет

Турција одлучи: „Не воведуваме санкции кон Русија“

Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза, изјави портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.

„Ние не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мораме да се грижиме за нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија“, рече Калин во интервју за телевизијата Хабертурк, а пренесе ТАС С.

Тој нагласи дека економските односи на Турција со Русија се такви што санкциите ќе и нанесат поголема штета на турската економија отколку на руската.

„Имаме јасна позиција (по прашањето за санкциите). Западот не го прифати тоа“, рече Калин.

На почеток