Македонија

Во четврток ќе се одлучува дали Џафери ќе го станат од претседателското столче

Во четврток на 30 јуни во Собранието на Република Македонија се очекува да се одржи пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Парламентот Талат Џафери поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Џафери на денешното пленарно заседание потврди дека оваа пленарна седница ќе се одржи во четврток.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата интерпелацијата за Џафери ја поднесоа на 30 мај, по што претседателот на Собранието запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа седницата на која ќе се расправа. Опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа фукција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа.

На почеток