Македонија

(ВИДЕО) Адеми неколку пати го удри Милошоски, замавна со шолја, па со шише вода

Денес пратеникот Арбер Адеми со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците. Иако имало пријавени пратеници за збор, тој  го ставил дневниот ред на гласање

На ова реагираа пратениците од опозицијата. Најпрво пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска започна да стиска на системот за гласање.  Антонијо Милошоски го трга микрофонот на кој Адеми зборува. И тогаш, Адеми удира по раката на Милошоски.

И покрај тоа, раката на Милошоски  се уште е на собранискиот микрофон, а Адеми го удира и по вторпат па му ја тегне раката. Адеми, станува од фотелјата и го удира Милошоски по третпат. Потоа, нервозно станува и со порцеланска шоља за кафе фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се пред неговиот пулт.

Милошоски му вели: „Удри, ајде, удри, удри“, по што Адеми фрла со шолјата, а потоа и со пластично шише вода.

На почеток