Голем број на куќи се оштетени од паднати дрва, а дошло и до прекин на струја откако силна тропска бура го погоди Тајланд.
Станува збор за најсилна бура во последните 30 години, јавува Ројтерс.
Поради бурата беа откажани летовите, а евакуирани беа повеќе од 28.000 луѓе во седум тајландски провинции.
За сега има само една жртва, а тоа е рибар чиј што чамец за превртел во областа Патани.