Свет

Уште две земји сакаат да се приклучат на групата БРИКС

Иран поднесе барање за приклучување кон групата БРИКС, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на агенцијата Тасним.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзадех изрази надеж дека членството на Иран во БРИКС ќе донесе „дополнителни придобивки“ за сите страни.

Во исто време, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објави дека и Аргентина поднела барање за членство во БРИКС.

Ројтерс наведува дека аргентинските власти не биле достапни за коментар во врска со таа информација.

БРИКС е економска алијанса чии членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

На почеток