Свет

Британија: Русија започна бран на невообичаено интензивни напади

Русија во последните денови започна „невообичаено интензивни напади“ низ Украина, користејќи оружје дизајнирано за заземање цели од „стратешко значење“.

Ова го соопшти британското Министерство за одбрана.

Објавувајќи ги најновите разузнавачки информации, Министерството за одбрана соопшти дека украинските сили продолжуваат да ги консолидираат своите високи позиции во опколениот град Лисичанск – последниот голем град во регионот Луганск кој сè уште е под контрола на Киев.

„Војниците исто така ја нарушуваат руската команда и контрола со успешни напади длабоко зад руските линии“, се додава.

„Меѓутоа, во текот на 24 и 26 јуни, Русија користеше ракети со долг дострел за да изврши серија насилни напади низ целата земја. Ова оружје најверојатно вклучуваше модерни ракети АС-23а КОДИАК, испукани од белоруски и руски воздушен простор“, соопшти Министерството за одбрана.

Русите постигнаа само тактички успех во близина на Северодонецк, според британските разузнавачи, додавајќи дека „руските сили стануваат сè повеќе исцрпени“.

На почеток