Коментари

„Агресивни суштества кои ги плаќаме за да не срамат, ќе почнете да се убивате за да ја задржите власта“, вели Трајкоска

Новинарката Жанета Трајковска на социјалните мрежи реагираше во врска со вчерашниот инцидент во Собранието на Република Македонија.

„ГАДНИ СТЕ! Одвратни дивјаци кои седат во пратенички, министерски, директорски места само затоа што се членови на некоја политичка партија. Агресивни суштества кои ние ги плаќаме за да не срамат, за да шират омраза и насилство за грст гласови и слатка фотеља со службена картица со пристап до многу кеш и моќ.

Ќе почнете да се убивате за да ја задржите власта!

Срам ми е што на некаков начин сите вие ме претставувате мене и мојата земја и тоа за мои пари!
Извинете, ама за ова има само еден наслов: ПОЛИТИЧКА СТОКА!
ОСТАВКИ, ОДГОВОРНОРНОСТ И ОСУДА“, стои во објавата.

На почеток