Нов референдум за независност на Шкотска, реагираше Захарова: А Косово?


Шкотската премиерка Никола Старџен предложи денеска на 19 октомври следната година да се одржи втор референдум за независност на Шкотска.
Старџен рече дека прашањето ќе биде исто како и на претходниот референдум, одржан во 2014 година: „Дали Шкотска треба да биде независна земја“?
Таа најави дека ќе му пише писмо на британскиот премиер Борис Џонсон да побара официјална согласност за одржување на гласањето. Старџен изјави дека ќе продолжи со планот за одржување на референдумот, дури и ако не добие одобрение, пренесува Би-би-си.
Таа нагласи дека секој референдум треба да биде во согласност со законот и Уставот и дека од Врховниот суд ќе се бара да се произнесе за потенцијалните правни прашања поврзани со одржувањето на гласањето, без одобрение на британската влада. На референдумот во 2014 година, Шкотите гласаа со 55% „за“ и 45 „против“ за останување во Велика Британија, но по Брегзит и начинот на кој владата се бореше со кризата со корона вирусот, барањата за одржување на референдумот се зголемија.
Захарова се огласи и го спомна Косово
Шкотскиот парламент ќе објави предлог-закон за референдумот за независност со закажан датум за гласање на 19 октомври 2023 година, изјави шкотската премиерка Никола Старџен. Лондон ја призна независноста на Косово без референдум и без „посебен закон.“ А знаеме дека Британците се луѓе со традиција и судска пракса.
Патем, Лиз, зошто поданиците на нејзиното височество не сакаат да живеат во толку просперитетна земја како Британија, која масовно бара независност од Кралството? Се испостави дека додека британската министерка за надворешни работи возела во тенк во балтичките земји во потрага по Црното Море и лобирала за испорака на оружје за Украина, нејзината земја пукала во шевовите“, напиша Марија Захарова. официјален профил на Фејсбук.
