Русите со шест ракети го погодија Днепар: Украинците бараат тела во урнатините
Од
Објавено на
Според украинските власти, руските сили денеска истрелале шест ракети врз градот Днепар.
Гувернерот на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко изјави дека е зафатена железничката инфраструктура и индустриската област во градот.
Спасувачките служби трагаат по преживеаните, рече гувернерот.
„Голем непријателски напад врз регионот Днепропетровск. Шест проектили. Нашата противвоздушна одбрана собори три проектили над реките Днепар и регионот Синелнкив“, изјави тој на својот канал на Телеграм.
„Спасувачите работат на местото на нападот, барајќи цивили под урнатините“, додаде Резниченко.