Актуелно

Абазовиќ го претстави планот за пристаништето во Бар

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, одговараше на пратенички прашања и зборуваше за иднината на пристаништето Бар.

Намерата на црногорската влада е пристаништето во Бар да се врати во 100% државна сопственост, а потоа да се најде светски оператор кој целосно ќе го промени пристаништето, но и ќе биде инспириран да го заврши автопатот, рече Абазовиќ.

Тој рече и дека постојниот мнозински сопственик на пристаништето Бар, турската компанија Глобал портс, бара излез од сопственоста, поради свои причини. Тој додаде дека сега бараат модел во Владата како да се врати сопственоста во компанијата, пренесува Инвеститор.

„Кој ќе влезе во пристаништето да работи на вистински начин и да направи голем мегахаб за контејнерски терминали, ќе има мотивирачки ефект врз инвеститорите да го изградат автопатот, односно да го завршат кон Белград и Будимпешта и да ја модернизираат железничката инфраструктура“, рече Абазовиќ.

Одговарајќи на пратенички прашања рече дека без поширока слика Лука Бар никому не е интересен.

„Тој што доаѓа да биде голем оператор не го интересира пазар од 600 илјади луѓе. Тоа е мал пазар за сите. Државата сега има шанса, бидејќи постоечките инвеститори изразија подготвеност да го напуштат бизнисот. Ние сме веќе подготвени да влеземе во разговори, со министерот за финансии се договоривме за динамиката да видиме како да го вратиме во наша сопственост“, рече Абазовиќ.

To Top