Свет

Во пожар во затвор во Колумбија загинаа 51 лице

Најмалку 51 лице загина, а повеќе од десет се повредени кога избувна пожар во затвор во југозападна Колумбија, соопштија затворските власти.

Директорот на националниот здравствен систем Тито Кастеланос за локалното радио изјави дека не се знае дали сите жртви се затвореници.

Тој првично изјави дека загинале 49 лица, но Министерството за правда подоцна соопшти дека бројот на жртвите е поголем и изнесува 51.

Кастеланос рече дека пожарот избувнал за време на обидот за бунт рано наутро во вторникот во затвор во градот Тулуи, пренесе АП.

Како што изјавил, затворениците ги запалиле душеците без да размислуваат за последиците.

На почеток