Што му порачаа на Зеленски на самитот на НАТО
На самитот на НАТО му порачaа на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека конфликтот во Украина треба да се реши „само со воени средства“.
На Зеленски му било кажано дека алијансата ќе продолжи да му помага на Киев во тоа, изјави белгискиот премиер Александар де Кру по пристигнувањето на самитот на НАТО.
„Веќе имавме можност да разговараме со претседателот Зеленски. Многу е важно да продолжиме да разговараме со него, нагласувајќи дека војната може да се добие само на бојното поле и дека мора да продолжиме да го поддржуваме претседателот Зеленски и народот на Украина да победи на бојното поле“, рече Де Кру.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави дека на самитот на НАТО што почнува денеска во Мадрид ќе биде усвоен нов стратешки концепт на Алијансата.
„Ќе усвоиме нов стратешки концепт на нашата Алијанса, кој ќе стане нацрт за тоа како да се води Алијансата во поконкурентен и поопасен свет и како да се обезбеди безбедност на НАТО и на речиси милијарда граѓани“, рече тој.
Столтенберг потсети дека претходниот стратешки концепт на Алијансата е усвоен во 2010 година.