Македонија

Џафери: Извини брат, јас сум примитивецот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска во своето обраќање по повод поднесената Интерпелација, за делот каде тој ги заклучил вратите за пратениците од опозицијата во пленарната сала додека траеше поединечното изјаснување, истакна дека тој ги заклучил вратите, но тие ги отвориле и ги довеле животите на луѓето во опасност.

„Значи ако сум ги затворил вратите по Деловник, да се утврди фактичка состојба затоа што тоа е процедура, за разлика од некои, не сум ги отворил вратите па да ги доведам во прашање животите на луѓето“, порача Џафери.

Во однос на интерпелациите Џафери им посочи на пратениците дека има стенограми и има записници од координациите што и како е барано.

„Извини брат, јас сум бил примитивецот, јас ќе ги поднесам сите епитети, но ќе продолжам да ја вршам работата совесно по закон и процедура. Нема интерпелација на пратеник, тоа е злоупотреба. Треба да оставиш една врата, како што сум оставил многу врати отворени. Ако некој ве бранел од сите оние напливи, тоа сум јас. Се сеќавате за обвинувањата за патни трошоци? Претседателот ви беше заштитата. Да си се погледнат во огледало оние што обвинуваат. Многу епитети ми беа доделени приватно во последните 30 дена. Разбирам дека јавноста очекува детали, но нема да зборувам. Јас нема да се спуштам на ниво Христијан Мицкоски и да навредувам на лична основа затоа што него му овозможив да седи во пленарната сала, што порано беше незамисливо“, додаде тој.

На почеток