Доктор Лазаров: Реинфекција со корона носи ризици, се заразуваат и прележани пред шест месеци


Докторот Ненад Лазаров предупреди дека реинфекцијата со коронавирус носи свои ризици. Според него, ова е бран во кој се заразуваат и прележани пред шест месеци.
„Она за што има се повеќе научни докази е дека секоја наредна COVID реинфекција го зголемува ризикот од леталитет и останати последици, ова не е грип.
Ова е бран на подваријантите на омикрон кои лесно заразуваат дури и прележани пред само 6 месеци, затоа и заради отсуство на култура од секој аспект, ќе има многу болни.
Ова го коментирам бидејќи сме во почеток на силен летен бран кој иако го игнорираме е тука, дали е пријатно и лесно да имаш ковид на сред лето прашајте ги тие околу вас кои веќе награбузале.
Мојата препорака е најпрво секој болен да покаже самосвест и веднаш да се изолира и заштити за да не шири и заразува се околу себе, ова е наша најслаба точка во моментов, се останато за заштита веќе знае секој“, напиша Лазаров.
