Свет

„Русија е безбедносна закана за Финска“, вели Хависто

Финска не може да одржи неутралност во новите околности, бидејќи Русија стана безбедносна закана за неа, рече Пека Хависто.

„Мислам дека ова е нова реалност. Навистина мислам дека европската безбедносна архитектура пропадна. Ова е нова ситуација, има нов вид железен ѕид меѓу Русија и другите земји. И, се разбира, се заснова на руската агресија против Украина“, изјави финскиот министер за надворешни работи за бизнис Хависто во интервју за Си-Ен-Ен.

Хависто додаде дека постои загриженост за неефикасните разговори за нуклеарно и хемиско оружје, што го доведе светот до ситуацијата во која беше за време на кубанската ракетна криза за време на Студената војна.

„Да, имаме силна традиционална армија. Ќе ни бидат испорачани авиони Ф-35. Но, што ако ни се закануваат со неконвенционално оружје“, праша Хависто, според Си-Ен-Ен.

Финскиот министер рече и дека војна во Европа надвор од Украина е сосема можна.

„Секако дека постои таква можност и затоа е толку важно да се поддржи Украина во овој момент“, истакна Хависто, пренесува Си-Ен-Ен.

На прашањето дали Украина може да победи во конфликтот со Русија, Хависто одговори дека „Украинците можат да се справат со околностите во кои се наоѓаат и во таа смисла можат да ја добијат оваа битка“.

„Мислам дека, се разбира, тие се морално на високо ниво. Тие се многу обединети. Ним им е потребна нашата поддршка“, рече тој, според Си-Ен-Ен.

По децении воена неутралност, Финска и Шведска беа официјално поканети да се приклучат на алијансата на неодамна завршениот самит на НАТО во Мадрид.

На почеток