Свет

(ВИДЕО) Пукање во Кентаки: Убиени тројца полицајци

Тројца полицајци загинаа, а петмина се ранети во американската сојузна држава Кентаки.

Маж отворил оган кон полицајците на кои се обиделе да им достават потерница, соопшти денеска полицијата.

Напаѓачот е 49-годишниот Ленс Стортц, кој беше уапсен во неговиот дом во Ален, округот Флојд, по повеќечасовен судир со полицијата, објави АП. Според извештаите, полицајците отишле во домот на Сторк по пријава за семејно насилство, кога тој испукал повеќе истрели кон нив, убивајќи тројца полицајци и едно полициско куче, според ABC News. При престрелката се ранети пет полицајци, а нивниот идентитет и степенот на повредите се уште не се соопштуваат.

„Полицајците на местото на настанот беа под оган со часови. Тие немаа шанса“, им рече на новинарите шерифот на округот Флојд, Џон Хант. Тој додаде дека Сторк се предал по преговорите во кои биле вклучени членови на неговото семејство. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, објави на Твитер дека округот Флојд претрпел ужасна загуба.

„Ова е тешко утро за нашата заедница. Овие херои жртвуваа сè за да го заштитат нашиот народ“, напиша Бешеар. Сторц е во притвор по повеќе обвиненија, меѓу кои и убиство на полицаец и обид за убиство на полицаец. Тој се изјасни за невин и е задржан со кауција од 10 милиони долари, а повторно ќе биде изведен пред суд на 11 јули, според ABC News.

На почеток