Свет

Претседателот на Узбекистан воведе вонредна состојба

Претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев воведе вонредна состојба од 3 јули до 2 август годинава во регионот Каракалпакстан.

Во овој регион имаше немири, изјави портпаролот на претседателот Шерзод Асадов.

„Со претседателски указ, во Република Каракалпакстан беше воведена вонредна состојба од 00:01 часот на 3 јули 2022 година до 00:00 часот на 2 август 2022 година, заради безбедноста на граѓаните, заштитата на нивните права и слободи и воспоставување ред и закон“, напиша тој на својот канал Телеграм, пренесува ТАС С.

Во Узбекистанската автономна република Каракалпакстан се одржа јавен протест поради планираната уставна реформа со која ќе се смени нејзиниот статус, соопштија узбекистанските власти, пренесува Ројтерс. Каракалпакстан, кој се наоѓа во северозападен Узбекистан, е дом на Каракалпаците, посебна етничка малцинска група со свој јазик, а сегашниот устав на Узбекистан го опишува како суверена република во Узбекистан која има право да се отцепи со одржување референдум, според Британска агенција.

На почеток