Охајо: Полицијата уби уште еден Афроамериканец


Полицијата во Охајо го уби Афроамериканецот Џејланд Вокер (25) и испукала десет куршуми додека се обидувал да побегне, изјави адвокатот на семејството на убиениот.
Адвокатот се повика на полициската снимка која треба да биде објавена утре.
Официјалните лица рекоа дека инцидентот започнал кога полицајците се обиделе да го застанат Вокер поради сообраќаен прекршок додека тој возел рано наутро во понеделникот.
Вокер побегнал, а полицијата на Акрон соопшти дека полицајците пријавиле дека од возилото на осомничениот било пукано со пиштол.
По неколку минути, Вокер излегол од возилото и побегнал, додека полицајците го бркале и пукале во него, велејќи дека тој претставувал смртоносна закана, се вели во полициското соопштение објавено во вторник.
Вокер беше убиен на паркинг.
Во коментарите објавени денеска од „Akron Beecom Journal“, адвокатот Боби Дичело го опиша видеото како брутално и рече дека роднините на Вокер се загрижени дека протестите овој викенд би можеле да станат насилни, објави Ројтерс.
Ова е последното во серијата полициски убиства на Афроамериканци во САД, за кои критичарите велат дека се неоправдани, вклучувајќи го и убиството на Џорџ Флојд во 2020 година во Минеаполис, што предизвика глобални протести против полициската бруталност, објави британската агенција.
„Сите ние се подготвуваме за одговорот на заедницата и единствената порака што ја имаме е дека на семејството не му треба повеќе насилство“, рече Дичело.
