Свет

Нападнат руски град: Има жртви

Најмалку три лица загинаа денеска, а десетици станбени згради се оштетени во рускиот град Белгород, изјави локалниот гувернер, по претходните извештаи за неколку експлозии во градот, кој се наоѓа во близина на границата со Украина.

Најмалку 11 станбени згради се оштетени и 39 приватни резиденции, од кои пет се целосно уништени, изјави Вјачеслав Гладков, гувернер на Белгородската област.

Репортерот на Ројтерс не беше во можност самостојно да ги потврди овие извештаи, а на оваа информација немаше реакција од Украина, додека ТАС С јавува дека во експлозиите се ранети четири лица.

На почеток