Свет

(ВИДЕО) Џонсон ja стисна премиерката: „Избројте дали сите прсти ви се на место“

Видеото од средбата на британскиот премиер Борис Џонсон со премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн стана вирално.

Арден моментално е во Велика Британија и ова е нејзино прво патување во таа земја од почетокот на пандемијата Ковид 19. Таа се сретна со премиерот Џонсон во владините простории во Лондон, а пред фотографите Борис и Џасинда и почнаа да се ракуваат.

Видеото стана хит затоа што луѓето забележаа колку силно Џонсон се ракува со премиерката на Нов Зеланд, а некои дури и се загрижија дали потоа ја боли раката. Корисниците на Твитер не можат да престанат да се шегуваат со овој клип.

„Јасинда Ардерн за малку ќе ја загуби десната рака на прафот бр.10“, „Добро е, тој вежбаше многу со таа рака“, „Џасинда, бегај и затвори ја вратата, тогаш можеш да ја водиш земјата“, „Драга Џасинда, те молам избројте дали сите прсти ви се на место“, се само дел од шегите.

На почеток