Актуелно

Путин му се заканил на поранешниот британски премиер Џонсон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интервју за Би Би Си откри дека рускиот претседател Путин му се заканил со ракетен напад пред да ја нападне Украина во февруари минатата година.

Како што откри поранешниот премиер во документарецот, кој се занимава со разговорите на Путин со светските лидери, заканата дошла во, како што вели Џонсон, извонреден телефонски разговор што двајцата го имале пред нападот на Украина. Џонсон му објаснил дека нападот врз Украина би бил невидена катастрофа, убедувајќи го дека Украина нема да влезе во НАТО во скора иднина, по што Путин го прашал што точно значи скора иднина. Одеднаш вели Џонсон, рускиот претседател му рекол „Борис не сакам да те навредам, но ракетен напад би траел само една минута“.

Џонсон не може да тврди дека Путин бил сериозен, но истакнува дека буквално си поигрувал со него додека британскиот премиер го убедувал да преговара, а не да напаѓа.

На почеток