Актуелно

Бугарија: Подготвени сме за деескалација на односите со Скопје под одредени услови

Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков изјави дека Софија е подготвена за деескалација во односите со Скопје под одредени услови.

Според него, најважен услов е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, предупредувајќи дека во таа земја има сериозна антибугарска пропаганда.

Тој за бугарската државна телевизија (БТВ) изјави дека во случајот со секретарот на бугарското здружение „Цар Борис Трети“, кој беше претепан на 19 јануари во Охрид, македонската полиција ги испрашува активистите од Бугарија, наместо вистинските напаѓачи, што, според него, е сериозен проблем.

Подготвени сме за деескалација на односите под одредени услови. „Не сме задоволни со враќањето на ситуацијата од пред десет дена. Поточно, бараме заштита на правата на Бугарите таму“, рече тој.

Милков вели и дека не се согласува со ставот на македонскиот претседател Стив Пендаровски дека случајот со претепувањето на Пендиков се користи за внатрешно-политички цели во Бугарија.

На почеток