Магазин

(ФОТО) Илон Маск со четворицата синови го посети папата – Ватикан без коментар

Милијардерот Илон Маск, косопственик на американскиот производител на електрични автомобили Тесла, објави фотографија со папата Франциско, на која се и неговите четири сина. Маск напиша дека му е чест што се сретнал со папата.

Ватикан не го објави настанот.

Извршниот директор на Tesla и SpaceX не бил на официјалната листа на посетители, па можеби се сретнал со поглаварот на Католичката црква во „поприватен“ аранжман. Според италијанските медиуми, тие разговарале за технологијата и како таа би можела да им помогне на луѓето во иднина.

Средбата се одржа во домот на св. Марте каде живее папата.

На почеток