Во Кичево, “Смрдливата агенда” врши еколошки геноцид“, вели Селмани
Овде сме во својство на огранокот на Алијанса за Албанците во Кичево, да го запреме „еколошкиот геноцид“, кој во основа се состои од труење или оштетување на колективното здравје на жителите на овој крај, што континуирано се врши над нив од страна на термоелектраната во Осломеј и неспособноста на локалната власт да управува со отпадот, вели Генц Селмани, Претседател на огранокот на АА-Кичево
„Ова се двата фактори на ризик што ги произведува централната власт и кои се силно поддржани од локалната власт, за сега веќе познатите придобивки на нивните кланови и нивната партија, а на штета на колективното здравје на жителите од овој крај, како последица и на нивниот живот. Токму тука е нашата грижа како Алијанса за Албанците.
Од овој оџак и од ова ѓубре, како што можете да видите, нетретирани, се случува „еколошки геноцид“ со кој се зголемуваат бројките на заболени од малигни заболувања, што резултира со смртни случаи од нив, компликации на хронични пациенти и намалување на плодовите во земјоделството. Од овие факти, сите заедно заклучуваме дека ова не наликува на Зелена агенда туку на Смрдлива агенда.
Врз основа на горенаведените сознанија и факти, како и бројните и постојани реакции на граѓаните, ние како Алијанса за Албанците ги повикуваме одговорните државни органи, почнувајќи од Владата, Министерството за екологија, градоначалникот на општината, дирекцијата на ТЕЦ , веднаш да се запре производството на овој еколошки геноцид, да се прифатат амандманите на Алијанса за Албанците континуирано депонирани во Собранието на Северна Македонија, кои се поврзуваат со реализацијата на процесот на филтрирање на отпадот што ги нарушува еколошките стандарди, со цел да се зачуваат животната средина и здравјето на граѓаните“, додава тој.