„Предлогот за мене е прифатлив“, вели Пендаровски
Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржa 16-та седница на Советот за безбедност.
На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.
„Не верувам дека е точна перцепцијата која се создава во дел од јавноста дека е ова судбинска дилема и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинирала судбината на идните генерации граѓани.
Со одлуката да го прифатиме модификувааниот француски предлог би донеле одлука да ги отвориме преговорите, а знаете дека тие траат со години. Одлуката нема да биде историски триумф ниту историски дебакл.
Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив. Со предлогот ја креваме бугарската блокада и дозволува формално отварање на преговорите. Овозможува скрининг процес и ама баш со ништо не го поткопува македонскиот идентитет.
Засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.
Убеден сум дека не сме можеле да добиеме повеќе. Не тврдам дека преговорите во изминативе две години не можло да де добие нешто поквалитетно, ама немало да има суштина туку детали
Од позиција на човек кој имал средби со врвни европски политичари ве уверувам дека во моите разговори, немам добиено впечаток дека тие сакаат да ја разнебитат македонската нација. Нивниот интерес е економскиот. Не гледам дека нивниот интерес е да менуваат ничија етничка карта.
Со овој предлог остануваме на европскиот колосек. Но до овој момент не губиме ништо. Сега е време да го отвориме стратешкиот дијалог меѓу нас.
Поддршката за ЕУ паѓа поради условувањата. Најголем генератор за овој проблем е Брисел.
Инсистирам да започнеме национална дебата за тоа кој ќе биде нашиот став во однос на сите овие иницијативи и прашања со кој може да биде преуредена политичката архитектура“, вели Пендаровски