Украина и одговори на Русија: Објавен список со барања


Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, презентираше листа на барања за продолжување на преговорите со Русија
И ова откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека за да се постигне мир, Киев ќе мора да ги прифати руските барања, вклучувајќи го и признавањето на Крим како руска територија и отстапувањето на регионите Доњецк и Луганск.
Подољак синоќа на својот Твитер профил изјави дека овие услови се: итен прекин на огнот, повлекување на руските војници од Украина, враќање на киднапираните граѓани, екстрадиција на воени злосторници, механизам за репарации и признавање на суверените права на Украина.
„Руската страна добро ги знае нашите услови. Шефот на Песков не треба да се грижи: ќе дојде време кога ќе ги поправиме на хартија“, нагласи тој.
