Свет

Русија: „Се подготвува офанзива“

Генералштабот на вооружените сили на Украина утрово соопшти дека руските сили се консолидираат во Лисичанск и дека подготвуваат офанзива во правец на Славјанск.

Наведено е дека руските војници во правец на Краматорск извршиле артилериска подготовка и ја преминале реката Северски Донец, пренесува Униан.

Украинскиот Генералштаб додава дека во правец на Славјанск руските сили се обидуваат да воспостават контрола над населените места Богородичкоје, Мазановка и Долина и дека борбите продолжуваат.

На почеток