Актуелно

Воени авиони испукаа предупредувачки истрели кон помал авион со 500 килограми кокаин

Бразилските воздухопловни сили соопштија дека пресретнале помал авион со 500 килограми кокаин.

„Два лесни напаѓачки авиони А-29 Супер Тукано беа испратени да го следат и пресретнат авионот“, соопшти бразилското воздухопловство, пренесе Тас.

Бразилските воени авиони најпрво преку радио врска го повикале пилотот на сомнителниот авион да слета на блискиот аеродром, но тој не одговорил, па тие испукале предупредувачки истрели.

Откако авионот слетал во рурален дел на државата Сао Паоло, пристигнала полицијата и во авионот пронашла 500 килограми кокаин.

Двајца шверцери успеале да побегнат од авионот и по нив се трага.

To Top