Актуелно

Адеми за протестот: Треба да се воздржиме од насилство

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми кој пред неколку денови со филџани маваше по колеги пратеници вели дека не очекувал протести пред Влада во вакви околности.

-Дозволено е да се изрази и мислење во законските норми. Четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ. Сме потпишале Договор за добрососедство, а протоколот кој се споменува е во насока на имплементација на само еден дел од Договорот со Бугарија, кој никако не е дел од преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство. Целиот протест и револт да биде исконтролиран, тоа се наши институции и наш имот. Не треба да оставаме лоша слика пред целата јавност. Дебата има, дискусии има и добро е што е дискутира. Само на ваков начин ќе ги расчистиме недоразбирањата, да ги дообјасниме околу францускиот предлог, рече Адеми во емисијата „24 анализа“.

На почеток