Свет

Порака од Русија: „Целите ќе се постигнат“

Целите на руските специјални операции ќе бидат постигнати и покрај фактот што САД и другите западни земји обезбедуваат воена помош за Украина, изјави денеска Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Русија.

На состанокот за прашањата за национална безбедност во Хабаровск, тој рече дека целта на специјалната операција е да се обезбеди заштита на луѓето од, како што наведе, геноцидот на украинскиот неонацистички режим и демилитаризацијата и денацификацијата на територијата на Украина, односно нејзиниот неутрален статус, како што е наведено во украинскиот Устав, пренесува РИА Новости.

Патрушев повтори дека Русија морала да започне специјална воена операција поради ширењето на неонацизмот во Украина, биолошките лаборатории вклучени во воено-биолошката програма на САД на нејзина територија, како и плановите презентирани од владата во Киев да се создаде нуклеарно оружје и да се приклучи на НАТО преставувале закана за безбедноста не само во Русија, туку и во и цел свет.

На почеток