Свет

„Швајцарската влада не може да гарантира дека секогаш ќе има доволно гас за секого“, вели Сомаруга

Швајцарската влада не може да гарантира дека секогаш ќе има доволно гас за секого, изјави министерката за енергетика на земјата, Симонета Сомаруга.

Таа додаде дека во случај на недостиг, понудата прво ќе се намали за компаниите.

Швајцарија е без излез на море и купува гас од берзите во соседните земји на Европската унија, па и самата е изложена на прекини во снабдувањето од соседите.

Побарувачката за гас е релативно мала и овој извор на енергија учествува со околу 15 проценти од вкупната потрошувачка на енергија. Околу 42 отсто од гасот се користи за затоплување на домаќинствата, а остатокот во индустријата и во услужниот и транспортниот сектор, покажуваат владините податоци.

Таа, исто така, ги повика кантоните да инвестираат повеќе во соларна енергија, биогас, ветер и хидроенергија.

На почеток