Швајцарска компанија ја изврши првата еутаназија во капсула: Полицијата уапси неколку лица
Во понеделникот швајцарската полиција приведе неколку лица под сомнение дека поттикнувале и помагале во еутаназија на 64-годишна Американка.
Случајот е отворен откако Сарко првпат бил употребен. Станува збор за капсула за асистирана еутаназија која е употребена за прв пат, потврдија нејзините креатори.
Капсулата за еутаназија Sarco е дизајнирана да му овозможи на лицето внатре да притисне копче кое инјектира азот во запечатената комора. Личноста тогаш треба да заспие и да умре од задушување за само неколку минути, пишува Sky News.
Потпомогнатото самоубиство, кое вклучува употреба на капсула Сарко во близина на шумска кабина во Меришаузен, се случи во понеделникот на 23 септември, се вели во соопштението на полицијата.
Американката наводно боледувала од „многу сериозна болест која вклучува силни болки“ и сакала да умре.
The Last Resort, швајцарската компанија која стои зад Сарко, го потврди случајот и изјави дека нејзиниот копретседател Флоријан Вије бил единствениот присутен на смртта, што не е наведено во полициските извештаи.
Швајцарската министерка за внатрешни работи Елизабет Бом-Шнајдер нагласи дека Сарко не е легален.
Имено, швајцарскиот закон дозволува потпомогнато самоубиство се додека лицето си го одземе животот без „помош“, а оние кои помагаат да умре тоа не го прават од „никаков себичен мотив“.
Пронаоѓачот на Сарко, Филип Нике, тврди дека неговата направа работела токму онака како што била дизајнирана, велејќи дека овозможува мирна смрт без лекови во моментот на избор на личноста.